Младата мајка на две деца, Софија Еванс (30) од Велс е пронајдена мртва на подот во кујната од нејзиниот дом, а нејзиниот 50-годишен свекор, кој ја посетил непосредно пред трагичниот настан, е осомничена за нејзината смрт.
Свекорот на Софија, Ричард Џонс, е обвинет дека ја задавил својата снаа и ја оставил да лежи со лицето надолу на подот во кујната. Тој дошол во куќата на синот и снаата околу 9 часот, а на надзорните камери од соседството бил забележан како го напушта имотот околу 10 часот, пренесува курир.рс.
На видеото се гледа како човекот трча кон својот автомобил, па се враќа на имотот, за да замине пет минути подоцна со цигара во уста. На судот му било кажано дека по убиството, свекорот отишол во пекара каде што купил ролати со туна и слатки пред да замине во непознат правец.
„Мојот син ме издаде и изневери, па сам се справив со тоа. Немав друг избор“, беше пронајдена белешка во автомобилот на Џонс, а извештајот од обдукцијата ги потврди шпекулациите дека Софија умрела од насилна смрт – од задушување.
Снаата тој ден свекорот ја изненандил на влезната врата, а доказ за тоа е тоа што вратата ја отворила само во крпа, бидејќи тој ја прекинал додека се туширала. Таа очекувала Џонс да работи нешто на имотот, пишува „Дејли мејл“.