Во пожарот што избувна во хотелот Гранд Картал во Болу загинаа 66 лица, 51 гостин е повреден, а меѓу жртвите е и 24-годишната Дилара Ерманоглу.
Нејзиниот татко Ферман Ерманоглу штом дознал за трагичната вест дека неговата ќерка загинала во пожар, веднаш отишол во Болу да ја идентификува ќерката и да го земе нејзиното тело.
Сепак, несреќниот човек колабирал додека чекал пред болницата и доживеал инфаркт од болката на изгубеното дете. Веднаш бил примен во болница во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Дилара Ерманоглу дошла од Мардин на одмор во Болу, каде го загубила животот во пожар кој го зафатил 12-катниот хотел Гранд Картал.
Во Турција денес е прогласен ден на жалост.