Шест лица загинаа, седум се повредени, а 13 се спасени во пожар што утринава избувна во дом за стари лица во населбата Велики Борак во белградската општина Бараево. Во моментот на избувнувањето на пожарот во објектот имало 30 корисници.
Седум повредени се пренесени во ВМА и Ургентниот центар.