МВР информира за несовесен возач, кој прегазил пешак и побегнал.
-На 26.12.2024 во 21.55 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп на ул.„Прилепски бранители” се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во В.М.(73) од Прилеп и го напуштило местото на настанот. В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.