-Вистината секогаш боли. Ние што сме блиску до црквата долги години имаме јасна претстава што се случува. Поголем дел од јавноста нема точна претстава што се случува во црквата. Ние сме веќе црква, која канонски е признаена, веќе го нема големиот проблем, и сега црквата треба да продолжи да опстои, а проблемите треба да се решаваат, рече Марјан Николовски, кој беше гостин во „Стадион.
Марјан се осврна на проблемите во МПЦ-ОА и во разговорот со водителот Столе Наумов се осврна на проблемите во црквата.
-Овој проблем е извор само заради еден човек во МПЦ, кој минатиот пат на прогласувањето на светители во Света Софија имаше обид повторно да му се забрани на епископот Партениј да служи во литургијата, но бидејќи Митрополитот Тимотеј беше жив, сепак, служеше. Тогаш Митрополитот Петар одби да учествува во литургијата. Проблемот е кај Петар, бидејќи тој отворено прогласил расхол со владиката Партениј. Тој проблем за црквата е многу голем. Не може тоа што владиката Петар не сака да служи со владиката Партениј да биде проблем за целата црква. Тоа е проблем на владиката Петар и црквата требаше да го реши. Но, не го реши и на најтажниот ден, на погребот на Митрополитот Тимотеј, на владиката Партениј и на целото бигорско братство не му беше забрането да присуствува на опеото. Јас не знам, ако има некој поголем срам од ова нека каже, рече Николовски.
Во интервјуто за „Стадион“, Николовски беше праша и за тоа кој ќе го наследи Митрополитот Тимотеј.
– Во принцип нема расхол, бидејќи поголемиот грев од она што вчера го направи Синодот, да не му дозволи, би било тој да не ја почитува одлуката, но владиката Партениј се покажа многу подоследен и поверен во своите ставови и ја почитуваше одлуката и покрај тоа што е тешка. Тој беше присутен на испраќањето на Митрополитот Тимотеј, но не беше во владичка одежда да служи. Покажува дека одлуките ги прифаќа со смирение. Расхол не треба да се очекува, туку ќе продолжи притисокот врз владиците околу изборот на митрополит на таа епархија. Како компромисно решение нјдоа дека чувар на тронот треба да биде Архиепископот Стефан, како преодно решение, но мислам дека така ќе остане подолго. Убеден сум дека владиката Петар ќе биде тој кој ќе притиска до последен момент владиката Партениј да не влезе ни во игра за избор на Митрополит. Се гласа со мнозинство во Синодот и секој владика кој ги исполнува условите, кој има епископски чин, може да биде избран за Митрополит, а тоа се петмина викарни епископи Партениј, Јаков, Климент, Никола и Давид, рече Николовски.
Погледнете го целото интевју со Марјан Николовски подолу: