Утрово ненадејно почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски(53). Борјанчо беше градоначалник од 2017 до 2021 година, како член на СДСМ.
Прв од сопартиецот се прости Оливер Спасовски.
-Со длабока тага и неверување ја примив веста за смртта на нашиот другар и сопартиец Борјанчо Мицевски. Како градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо остави неизбришлив траг во развојот на Крива Паланка, посветувајќи се на унапредување и развивањето на Крива Паланка во вистински европски град. Во овие тешки моменти, изразувам искрено сочувство до неговото семејство и сите блиски, напиша тој.
Венко Филипче напиша:
-Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, поранешниот градоначалник на Крива Паланка, наш соборец и сопартиец. Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа. Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците. Нека почива во мир, напиша Филипче.