Штип денес го зафати невреме со силен ветар. Поради силниот ветер и поради паднатите, навалените и скршените дрвја и гранки екипите на ЈП Исар се на терен и ги санираат штетите.
-Апелираме до граѓаните да не се движат под дрвјата и под лимените настрешници заради нивна безбедност доколку немаат некоја неодложна потреба, апелираат од претпријатието.
Вонредна информација испрати и РЦУК Штип.
– ТППЕ Штип досега повеќепати интервенирала во отстранување на паднати дрвја како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина како на градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, Кланица, СОУ „Коле Нехтенин“, улицата „ Широк Дол“, угостителски објект „Нецко“, 4-ти километар, населбата Насеље, градскииот пазар. Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило, информираат од ЦУК и додаваат:
– ТППЕ Виница со два пожрникари и едно возило интервенирале во отстранување на падната бандера кај бањата во село Истибање . Неколкупати е известена и дежурната служба на EVN за ризични електрични столбови, навалени, исфрлање искри од жици и слично, како последица од силниот ветер на територијата на градовите Штип и Кочани, како и во селата Облешево и Истибања, информираат од ЦУК .