Бошко Јанкулов, момчето за кое се собираа средства за лечење во Турција, не успеа да ја добие битката со канцерот.
Веста дека ова момче-ангел ја загуби битката ја објави неговата мајка Весна.
-Единец на мајка. Звездо наша нај сјајна, душа чиста како анѓел,срце пречисто како солза радосница, светлино наша ни ѓи исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирње,емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитивуван и подржуван . Биди спокоен чедо наше таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечни . Вечен спокој на душата твоја , те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине не можевме да те сочуваме! Биди анѓел на небото исто како што беше на земјата. Вечна ти слава јунак наш, народен хероју. До следното видување. Мама те сака бесконачно, напиша неутешната мајка.
Доктор Ненад Лазаров, кој е основач на ECrowd.mk , платформа за донации, преку која се собираа средства за лекување на Бошко, пак, напиша:
-Со жалење ја примивме веста дека нашиот штитеник Бошко починал. Сочувство до семејството и пријателите на овој борец кој не се откажа и даде се од себе до последните моменти! На сите вас кои дониравте вечна благодарност што успеавме да не му ја скратиме и најмалата шанса и надеж. Тежок ден.Нека ти е светол патот дете, научивме многу од тебе и твојата храброст, напиша д-р Лазаров.
Бошко Јанкулов, беше студентот на којшто му беше дијагностициран канцер на карлица и подолго време беше на лекување во Турција, за што најголема заслуга имаа сите добри луѓе, кои донираа средства за него.