Илјадници војници од Северна Кореја се распоредени во Русија за да ѝ помогнат на армијата на рускиот претседател Владимир Путин во нејзината борба против Украина, пишува Дејли Мејл.
Но, пред трупите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да тргнат на фронтот за да се соочат со силите на Киев, се чини дека прво мора да се соочат со друг „непријател“, кој нам во развиениот свет веќе ни е познат, Интернетот.
Извештајот на колумнистот на Фајненшел Тајмс, Гидеон Рахман, откри дека војниците на Ким Џонг Ун во касарната го поминуваат поголемиот дел од своето време гледајќи порно бидејќи никогаш немале пристап до Интернет.
Портпаролот на американското Министерство за одбрана, мајорот Чарли Диц, рече дека не може да потврди какви било навики на интернетот на Северна Кореја во Русија и дека предметот треба да биде упатен до Москва.
Иако пристапот до Интернет во Северна Кореја е достапен за високи владини функционери, на повеќето граѓани им е дозволено само да ја користат државната мрежа Kvangmjong, која не дозволува пристап до странски веб-страници.