По изборната победа на Трамп, луѓето го нападнаа Џорџ Клуни, кој јавно се залагаше Џо Бајден да се откаже од претседателската трка. Во јули оваа година, Клуни објави коментар во Њујорк Тајмс во кој го нападна Бајден и рече дека ќе мора да се откаже од трката за нов мандат бидејќи „тој повеќе не е истата личност“, пренесува индекс.хр.
Корисниците на социјалните мрежи сега го прозиваат и тврдат дека „Трамп треба да му се заблагодари нему и на луѓето како него“.
Клуни беше домаќин на собирање средства во Лос Анџелес во јуни, две недели пред лошиот настап на 81-годишниот Бајден во дебатата со Доналд Трамп.
Trump should not forget to thank the Hollywood celebrities. Especially George Clooney. pic.twitter.com/ZVxDB2yxB4
— Fritz Deelman (@DeelmanFritz) November 6, 2024
„Страшно е да се каже, но Џо Бајден со кој бев пред три недели на собирање средства не е истиот Џо „Фаца“ Бајден од 2010 година. Тој не беше ни Џо Бајден од 2020 година. Тој беше истиот човек што го видовме на дебатата“, напиша Клуни во Њујорк Тајмс.
“Дали беше уморен? Да. Дали беше настинат? Можеби. Но нашите партиски лидери треба да престанат да ни кажуваат дека 51 милион луѓе не го виделе тоа што го виделе”, додаде Клуни. Последователно интервју со Џорџ Стефанопулос од Еј-Би-Си „само го потврди она што го видовме претходната недела“, рече Клуни.
I would like to take a moment to thank George Clooney for shoving the most incompetent candidate down America’s throat to ensure a Trump victory. #MAGA pic.twitter.com/EF1rB3v4i2
— Completely Fed Up (@CompletelyUp) November 6, 2024
Актерот, кој се опиша себеси како упорен демократ, напиша: „Нема да победиме во ноември со овој претседател. Освен тоа, нема да победиме во Претставничкиот дом, а ќе го изгубиме и Сенатот. Ова не е само мое мислење, ова е мислењето на секој сенатор и претставник во Конгресот и гувернерот со кој разговарав приватно, без разлика што тој или таа јавно тврдат“.