Хело Кити денес го слави педесеттиот роденден. Низ децениите еволуираше од мал лик на чанта до културен амбасадор и глобален феномен на поп културата. Еве како се случи сѐ.
Во 1974-та година, 24-годишната Јуко Шимизу ѝ се придружила на јапонската компанија Lamanashi Silk Company која била специјализирана за гумени сандали украсени со принтови од јагоди. Кога компанијата одлучила да се ребрендирала, ангажирала тим од млади креативци надевајќи се дека ќе развијат нови, профитабилни дизајни. На Шимизу ѝ биле потребни само неколку дена да направи цртан филм кој ќе ја промени судбината на компанијата.
Па така, Хело Кити е родена на 1 ноември истата година.
Хело Кити „дебитирала“ на мала чанта, продадена за помалку од еден долар. Денес постои само една оригинална чанта и компанијата ја чува во безбеден трезор во своето седиште во Токио. Белата мачка без уста со црвена панделка и безизразен лик, веднаш станала хит.
Нејзиното целосно име е Kitty White. Родена е во предградие на Лондон каде живее со родителите и сестрата близначка Мими. Иако многумина би можеле да претпостават дека Хело Кити е Јапонка, основачот на споменатата јапонска компанија, Шинтаро Цуџи сакал ликот да има универзална привлечност. Со оглед дека во седумдесеттите години британската култура била во тренд во Јапонија, основачот ѝ дал англиско име и потекло.
И не, таа не е мачка. Таа всушност е девојче. Јуко Шимизу создала креација без уста за да им овозможи на фановите да ги проектираат своите емоции врз неа, правејќи ја блиска без оглед на чувствата на гледачите. Без разлика дали сте дете во Токио или Лондон, нејзиното безизразно лице го зборува истиот јазик. Секој може да најде утеха во нејзиниот имиџ.