Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, по навредливата изјава на претседателот Џо Бајден за неговите поддржувачи, кои ги нарече „ѓубре“, синоќа на еден од последните митинзи пред изборите, во Висконсин оддржа говор во флуоросцентен елек каков што носат ѓубреџиите, а на самиот настан допатува со камион за ѓубре.
„Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите.
TRUMP ARRIVES FOR CAMPAIGN RALLY IN A GARBAGE TRUCK!
“How do you like my garbage truck? This truck is in honor of Kamala and Joe Biden.”
“For Joe Biden to make that statement — it’s really a disgrace” pic.twitter.com/jA9nEQKvCg
— J Stewart (@triffic_stuff_) October 30, 2024
На митингот, тој потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што ќе реќам дека 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден – која, како што подоцна се обиде да објасни, била гаф, поддржувачите на Трамп ги нарече – „ѓубре“.
WATCH 🤣
President Trump tells the audience he's wearing the vest he wore riding in the garbage truck mainly because his team told him it made him 'look thinner'
"I said I want to wear it on stage.. I may never wear a blue jacket again!" pic.twitter.com/qTUWvUWQxS
— Benny Johnson (@bennyjohnson) October 31, 2024
Бајден пред два дена зборуваше за комичарот од митингот на Трамп во Медисон Сквер Гарден кој Порторико го нарече „пловечки остров на ѓубре“.
BREAKING: Donald Trump is riding in a garbage truck less than 24 hours after Joe Biden called his supporters “garbage” pic.twitter.com/KCfW2WsIe0
— America (@america) October 30, 2024
„ Па, дозволете ми да ви кажам нешто. Порториканците што ги знам се добри, пристојни, чесни луѓе“, рече Бајден на настанот, кој беше организиран за дополнително да ги охрабри гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат Камала Харис.
„Единственото ѓубре што го гледам како лебди таму се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно и неамериканско“, продолжи Бајден.
Белата куќа брзо се обиде да ја минимизира штетата.
Damn!! Biden is truly out of fucks to give and I love it! 🤣
"The only garbage I see floating out there is his supporters.”
pic.twitter.com/hD5SCf1GWQ
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) October 30, 2024
Портпаролот Ендрју Бејтс рече дека Бајден мислел на „реториката со омраза“ на митингот во Њујорк, а не на поддржувачите на поранешниот претседател. Набрзо и самиот Бајден се огласи на социјалните мрежи.
„Претходно денес, ја нареков ѓубре реториката полна со омраза за Порторико што ја исфрли поддржувачот на Трамп на неговиот собир во Медисон Сквер Гарден – што е единствениот збор што можам да се сетам за да го опишам. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно. Тоа е се што сакав да кажам. Коментарите на тој митинг не не одразуваат кои сме ние како нација“, напиша тој на X.
МИА