Поп пејачот Влатко Лозаноски- Лозано стана татко. Тој и неговата партнерка за синчето го одбраа името Марко.
Лозано и неговата партнерка веќе неколку години се заедно, но нивната врска воопшто не се експонира во јавноста. Особено Влатко го крие приватниот живот.
На почетокот на летото се прошири веста дека Лозано ќе се жени, но за тоа тој не сакаше ниту да потврди, ниту да демантира.
Свадбата, барем до сега, не се случи, но затоа се случи да станат родители.