На вториот ден од официјалната посета на Австралија, британскиот крал Чарлс Трети се соочи со непријатност веднаш откако го заврши својот говор во австралискиот Парламент, бидејќи независната сенаторка Леа Торп почна да вика „Ова не е твоја земја. Ти не си мојот крал“.
Би-Би-Си јавува дека сенаторката Торп ја прекина церемонијата во Канбера извикувајќи една минута „Ти не си мој крал“, по што интервенирало обезбедувањето и ја одвело.
Кралот штотуку ја напушти говорницата за да и се придружи на кралицата Камила, која седеше на галеријата од парламентарната сала, кога сенаторот Торп почна да вика и да се приближува до говорницата од задниот дел на пленарната сала.
‘This is not your land. You are not my King, you are not our King.’ King Charles' visit to Canberra has been disrupted by independent Senator Lidia Thorpe launching a rant at Parliament House. https://t.co/L6I8BS14e1 #auspol #7NEWS pic.twitter.com/SeARPWT8DY
— 7NEWS Adelaide (@7NewsAdelaide) October 21, 2024
Откако изнесе обвинувања за геноцид врз „австралискиот народ“, можеше да се слушне како таа извикува: „Ова не е твоја земја, ти не си мој крал“.
Церемонијата заврши без да се спомене инцидентот, а кралската двојка се упати кон излезот од зградата на парламентот за да се сретне со насобраните граѓани.