Има ли во Зоолошката градина во Скопје птичји или политички грип?
Поранешниот директор на Зоолошка,
Ѓорги Галетановски на Фејсбук објави статус во кој напиша дека Зоолошка е затворена поради птичји грип.
-Смртоносен вирус “птичји грип” е најдена во Зоолошка градина Скопје. Во моментов Зоолошка е затворена посетителите евакуирни, а инспектори се веќе влезени. Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат, напиша тој.
ММС се обрати до директорот на Зоолошка, Зоран Попов, кој не одговори на повиците.
Но, дел од вработените за ММС потврдија дека од утрово Зоолошка е затворена од Агенција за храна и ветеринарство, поради гуска која долетала од надвор, а кај која е утврден Птичји грип.
-Во хаос сме, ова не е нормално што се случува. Ни утепаа 50 птици утрово во езерото поради дивата гуска. И ја затворија Зоолошка, велат дел од вработените за ММС.
Но, освен сомневањата за птичји грип дел од вработените се сомневаат дека во Зоолошка има и политички грип, бидејќи не е прв пат птици од надвор да влегуваат во езерцето.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска пред неколку дена сподели информации на Фејсбук страната на Зоолошка градина, кои немаат никаква врска со состојбата ниту на животните, ниту во Зоолошка, туку нејзина промоција и критика до Владата.
Еден од постовите е дека Владата не додели парична помош за проекти на Град Скопје, другиот е настапот на Арсовска во Европскиот парламент во Брисел, каде учествувала во отварањето 162та Пленарна седница посветена на процесот на проширување и пристапување кон Европската унија каде, како што вели, ги изнела главните препораки и предизвици со кои институциите на локално ниво се соочени во Македонија.
В.М.