Гоца Тржан веќе со години е во брак со Радомир Рашо Новаковиќ, за кого се омажи по скандалозниот развод од Иван Маринковиќ. Познато е дека Гоца беше во брак со Иван со кого ја доби ќерката Лена, а тој по разводот почна „ријалити кариера“, каде почна да споделува детали од бракот со пејачката. Поради тоа Гоца често беше тема на бројни шпекулации, што дополнително ѝ го отежни животот како самохрана мајка.
Меѓутоа нејзиниот втор сопруг ги прифати сите предизвици и се ожени со неа во екот на скандалите со Иван кои беа присутни во медиумите.
„Маж кој ќе се впушти во врска со постара жена која има и дете, е повеќе од храбар маж. Зошто? Затоа што ти во тој брак не го носиш само тоа дете, туку и поранешниот сопруг, поранешната свекрва, а јас, како Гоца Тржан, не го донесов само него туку и медиумските будалаштини“, истакна пејачката.
Музичката ѕвезда не крие колку му е благодарна на својот сопруг за големата поддршка.
„Човекот мене очигледно ме сака толку многу, што заслужува да му ги измијам нозете кога ќе си дојде дома. Не му ги мијам нозете, но знам да му ги измасирам стапалата понекогаш кога ќе видам дека е уморен. Никогаш се нема случено да дојде дома, а јас да не го чекам, без оглед на тоа колку е часот. Дури и ако заспијам, кога ќе слушнам дека дошол јас станувам за да го прашам дали е уморен или гладен“, додаде Гоца за Hype.tv.rs.