А нализирајќи ги односите во Блискиот Исток и улогата на Турција, професорот од Анкара, Зоран Иванов рече дека Турција се обидува да воспостави иницијатива за прекин на огнот и завојуваните страни да ги седне на маса. Во таа смисла, Анкара е мобилизирана на сите можни нивоа.
- Дел што најмалку се гледа е што се обидуваат да направат некое смирување во регионот. Но, како што тоа добро им тргна со Украина и Русија, нема да биде така лесно со Израел и Палестина. Тука има многу сериозен проблем, затоа што иницијативата за медијаторство помеѓу Украина и Русија им успеваат бидејќи имаат добри дипломатски и економски односи со двете држави, анализира Иванов. Такви односи со Израел во моментов немаат.
Сепак, медијаторството во овој регион, вели Иванов, нема да успее, како што се обидоа на почетокот на Израелската офанзива во Газа. - Тоа значи дека се уште ќе гледаме силна реторика кон Израел. Во исто време по првичното десеткување на Хезболах во Јужен Либан, Анкара сеуште нема реакција на сочуство поради историските разлики на Хезболах како Шиити. Од друга страна, поддршката за Хамас е отворена.
- Овие комплицирани односи ќе се усложнуваат. Иако имаат силна реторика кон Израел, но не сакаат провоцирање за поширок конфликт. Тоа не оди во прилог на Турција, беа оглед на реториката кон Израел. Турција ќе се залага за смирување, за мировна политика поради нивните интереси во регионот и Сирија. Многу е тешко да се нарече мировна политика, но ќе видиме како тоа ќе се одрази на регионалните односи, смета Иванов.
Во однос на заканите од Иран кон Турција, професорот познавач на односите во овој регион, истакнува дека Иран нема војувано 40-50 години од последната војна со Ирак. Немаат искутво со директни или индиректни конфликти во регионот и немаат искуство како што има турската армија. Многу се разликуваат и по искутвото и начинот на војување и технологијата со која рсполагаат. Затоа многу е мала директната закана за Турција од Иран. - Доколку Иран поседуваше нуклеарно оружје, ќе имаа друг став кон односите во регионот и глобално. Тоа е една слабост на моменталната политика на Иран. Дополнително, силно се поделени внатре, така што таа поделеност јасно се гледа дури и при донесување на политичките одлуки, вели Зоран Иванов.
Во однос на идната улога на Турција, земјата останува да биде силен партнер на НАТО поради многу причини. Една од нив е проактивно вклучување на академските и научните капацитети од Турција во НАТО проектите за развивање на соработка и технологија. Со тоа се наметнуваат како сериозен фактор во партнерските односи. - Од друга страна пак, либералниот свет наметна една политика реторика што за Турција се створи перцепција дека е од спротивната страна на Западот. Но, Турција отсекогаш била балансер меѓу Истокот и Западот. Географијата им наметнува да имаат надворешна политика на соработка со сите со кои им се поклопуваат националните интереси. По заострената западна реторика кон Турција, сепак фокусот го става на заштита на сопствените интереси во регионот, што најчесто е осудувана од либералниот свет. Поради географијата и проактивната надворешна политика, успева да се наметне како играч регионот. Со тоа Турција си обезбеди место односно како што вели професорот Иванов: „Ако тропне на било која врата на Истокот или Западот, да може да разговара со секого“.
За период што следува многу е тешко е да се даде предвидување. Но, секако на Турција не им одговара да има поголема криза во регионот. Една од причините е решавање на проблемот со Сирија односно заштита на јужната граница, изјави професорот Зоран Иванов во „Стадион“ на Канал 77.