Најлошата трагедија што може да ја доживее родител му се случи на хармоникашот Мирко Кодиќ – го загуби синот Александар, кој ненадејно починал во сон на 27 октомври 2023 година, во стан во Карабурма, во Белград.
Во пресрет на првата годишнина, музичарот во болната исповед за Курир.рс најде сила да ги евоцира своите спомени од најтешкиот ден во животот. Раскажа како после се успеал да се снајде и да го продолжи животот
-Чувствувам голема тага и празнина. Во негова чест засадив дрво во дворот на мојата куќа во Јајинци, а една соба во новата куќа му посветив нему. Тој е секогаш покрај мене и кога седам во ресторан, и кога сум во обложувалница и кога седам дома и ручам, кога возам кола… го имам тоа чувство и така ќе биде се додека сум жив. Ниту еден момент нема да верувам дека повеќе го нема. Мислам дека не сум подготвен, ниту сум доволно силен да го прифатам тоа. Тој беше свето дете. Се помоливме на света Петка да ни даде дете, таа ни го даде, а тој умре на нејзиниот празник. Ама таа го зеде за себе. И сега што да кажам, рекол таткото.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.