Сезоната на вирусите веќе е пред врата, а обезбедувањето соодветен внес на хранливите материи одговорни за имунолошкиот систем е исклучително важно за да се намали ризикот од инфекции.
Всушност, хранливите материи е најдобро да ги добиеме преку храната. Но реалноста говори дека повеќето луѓе овие потреби не ги задоволуваат преку својата исхрана. Во ваков случај, суплементите се тие кои може да помогнат да се пополни таквата празнина додека влегуваме во сезона на настинки и вируси – пренесува pink.rs
За да се заштитие од нив, здравствените стручњаци од The Healthy споделија кои витамини и суплементи тие ги користат сезонава.
Витамин Ц
Иако вистаминот Ц не може да спречи настаника, студија објавена во 2017 година сугерира дека овој витамин е клучен за зајакнување на имунолошкиот систем.
Витамин Д
Многу луѓе не добиваат доволно витамин Д преку храната, за жал ова е тешко да се постигне. Малку се намирниците кои природно содржат витамин Д (како што се рибата, јајцата и печурките), а најдобар начин да се добие доволно витамин Д е да се исложувате на сонце, што пак може да биде вистински предизвик во текот на зимските месеци.
Витамин Е
Витаминот Е е силен антиоксиданс кои може да ја зајакне функцијата на имунолошкиот систем. Недостигот на овој витамин се случува ретко,но доколку е застапен премногу, тоа може да биде штетно. Одличниизвори на витамин Е се оревите, лиснатиот зеленчук, доматите и мангото.
Цинк
Цинкот е потребен за да се создадат нови клетки, а истражувачите имаат теорија дека цинкот може да ги олесни симптомите на вирусот. Неодамнешните истражувања дури откриваат дека цинкот може да има позитивни ефекти и потенцијална терапевтска корист во лекувањето од ковид-19, но потребни се повеќе истражувања за да се разбере подетално неговата улога во борбата против вирусните инфекции.
Омега 3 масни киселини
Во зависност од исхраната, на пример – ако не јадете риба, можеби нема да добиете доволно од овие хранливи материи. Земањето на соодветнисуплементи може да биде добро решение.
Пробиотици
Некои од најдобите извори на пробиотик во исхраната вклучуваат кефир, кисела зелка и друга ферментирана храна. Пробиотиците се наоѓаат во намирниците кои се богати со влакна како банана, јачмен, овес, круши, ленено семе и слично.