На меѓународниот аеродром во Сараево активиран e аларм поради дојава за бомба, објави порталот „Аваз.ба“.
Патник на летот Меминген – Сараево добил порака за поставена бомба во авионот.
По слетувањето на авионот на аеродромот во Сараево, започнат е кризен акционен план и извршен е увид.
Наводно, на летот Меминген – Сараево имало 190 патници.
Ова е втора пријава за бомба на сараевскиот аеродром денеска откако претходно пристигнал е маил со заканувачка порака. По извршениот увид било утврдено дека се работи за лажна пријава.