Камерунскиот кошаркар и репрезентативец на САД Џоел Ембид потпиша нов договор со Филделфија со кој стана еден од најплатените во историјата на НБА лигата.
Ембид е еден од најдобрите центри во денешницата и од почетокот на кариерата го носи дресот на Филаделфија. Според информациите на новинарот Шемс Чарни, Филаделфија ќе му даде договор на Ембид вреден 193 милиони долари за наредните три години.
Договорот ќе има важност до сезоната 2028/2029 и тоа ќе значи дека Ембид годишно ќе заработува 64.33 милиони евра, односно oколу 300 милиони долари на пет години кога ќе се додаде стариот максимален договор.
Станува збор за еден од најголемите договори во историјата на НБА. Ембид од универзитетот Канзас пристигна во НБА во 2014 година кога Филаделфија го избра на драфтот.
Во 2023 година беше избран и за МВП на сезоната.