Поразот на загрепски Динамо од Баерн Минхен од 2-9 на отворањето на новата сезона е трет највисок во историјата на Лигата на шампиони.
Неславниот рекорд сè уште е во сопственост на Бешикташ и Малме кои претрпеа порази од 0-8.
Турскиот клуб загуби со 0-8 против Ливерпул во ноември 2007 година, додека Малме прими осум голови од Реал Мадрид во декември 2015 година.
Единаесетте голови кои беа постигнати на вчерашниот натпревар меѓу Баерн и Динамо го претставуваат вториот најголем број погодоци во натпревар од Лигата на шампионите, од групната фаза до финалето.
Повеќе беа постигнати само на средбата меѓу Борусија Дортмунд и Легија Варшава во ноември 2016 година, која заврши со 8-4 за германскиот тим.