Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка. Таа вчера роди уште еден син, кој според желбата на родителите ќе се вика Тома.
Јелена и оваа бременост ј чуваше во тајност, како и претходната кога го роди синот Јаков, кој сега веќе безмалку има пет години.
Блиски на Јелена од нејзинот роден град, Штип за ММС открија дека и мајката и бебето се чувствуваат супер и дека породувањето поминало во најдобар ред.
-Јаков имаше желба бебето да се вика Марко, но родителите се одлучија за Тома. Важно е што се добри и двајцата и што се е во најдбар ред, рекоа блиски на актерката за ММС.
Тајната на Јелена овој па ја откри нејзиниот брат Гоце, кој доколку не објавеше на Фејсбук дека станал вујко никој немаше дазнае дека Јелена е во блажена состојба.
-Нека ни е живо и здраво, станав вујко по втор пат. Честито Јелена Јованова, напиша тој наФејсбук.
Јелена е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кој се запозна на снимањето на серијата „Тајни“. Љубовта ја крунисаа со брак во 2015 година со свадба во Загреб, исто така без многу помпи.
Актерката е позната по многу ѓтеатарски улоги, но и по улогата на ѐјелена од Драчево во „Преспав“.
(В.М.)