Денеска во 09:50 часот, полициски службеници од СВР Штип извршиле службен разговор со Д.П.(21) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека на 04.09.2024 околу 12:30 часот на семејна веселба во Штип испукал неколку куршуми во воздух од пиштол „Екол специјал 99“ за кој не поседувал документација.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а полициски службеници ги подигнале чаурите за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.