Норвешката принцеза Марта Луиз се омажи за самопрогласениот „шаман“, Американецот Дурек Верет.
Тие се венчаа во хотел во Гејрангер, туристичко село во фјорд на западниот брег на земјата.
Некои сметаат дека ова е најчудната љубовна приказна во европските кралски дворови, но љубовта навистина нема граници.
Постарата ќерка на кралската двојка, која има 52 години, тврди дека е видовита и може да комуницира со ангели, што го заработила со давање курсеви и пишување книги, а нејзиниот сопруг кој има 49 години истакнува дека тој е „шаман од шестата генерација“ и, меѓу другото, продава златни медаљони тврдејќи дека спасува животи.
„Многу сум духовна, толку е добро да се биде со некој што го поддржува тоа“, објави принцезата на Инстаграм во јуни 2022 година, неколку дена по објавувањето на свршувачката.
Церемонијата се одржа под огромен бел шатор.
Марта Луиз носеше традиционална бела венчаница и тиара што и ја подарил нејзиниот дедо, кралот Олав, за нејзиниот 18-ти роденден, пишуваат норвешките медиуми. Дурек носеше црн костум со позлатен ремен.
Освен кралот Харалд и престолонаследникот Хакон кои носеа темни костуми, кралското семејство беше облечено во традиционални норвешки носии.
По коктелот, речиси 350 гости беа поканети на гала вечера. Во петокот им беше организирано патување со брод по фјордот и салса вечер.