Последните настани на релација селектор на кошаркарската репрезентација и Кошаркарска федерација на Македонија со изнесување на информации за лошите услови за работа на македонските врвни кошаркари, иницираше испраќање инспекција ви КФМ. Инспекцијата ја најави министерот за спорт Борко Ристовски. Министерот во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека Министерството не планира да се меша во работата на спортските федерации, ниту пак има лични непријателства со претседателот Перо Антиќ. Но, укажа дека има забелешки како министер на однесувањето на Антиќ.
-Да ја разјаснам ситуацијата – немам лично против никој ништо, да не се разбереме погрешно. Во минатото сум коментирал 2-3 пати за работењето (пред да станам министер) за тоа како претседател на федерација треба да изгледаа – не физички туку мислам на тоа да се однесува и да и да биде пример во општеството. Бидејќи едно е да бидете спортист, друго е да сте федерација каде одговорностите се поголеми и надлежностите се поголеми и на крај на денот треба да бидете пример за тие млади деца. Ако како играч сте можеле да си дозволите некои работи, како претседател на федерација не можете. Немам ништо лично против него, сум имал забелешки како се однесува како претседател на федерација и тоа е мој личен став. Како министер имам обврска да помогнам, можам само да укажам за неговото однесување, но најпосле тој сам си одговора за себе, изјави Борко Ристовски.