Американскиот хокеар и играч на Колумбус Џони Годро (31) и неговиот помлад брат загинаа во сообраќајна несреќа во Њу Џерси.
Според полициските извештаи, во нив удрил автомобил додека се возеле со велосипеди.
Полицијата соопшти дека уапсениот возач на автомобилот кој ги усмртил е осомничен дека бил во алкохолизирана состојба.
Џони Годро, познат како „Џони Хокеј“, како што јавуваат американските медиуми, одиграл 11 професионални сезони во лигата и требало да ја започне својата трета со „Колумбо Блу џакетс“.
Тој ги одиграл првите девет сезони со „Калгари Флејмс“, каде што стана еден од најдобрите играчи и миленик на навивачите низ Северна Америка.
– Ова е едноставно страшна вест за сите нас поврзани со семејството Годро. И Мати и Џони беа исклучително ценети од сите нас. Одлични млади луѓе, и тие импресионираа многу од нас надвор од мразот – изјави Џери Јорк, кој ги тренираше браќата Годро на Бостонскиот колеџ, за Асошиетед прес. “
„Блу џакетс“ тоа го нарекоа незамислива трагедија.
– Џони не беше само одличен хокеар, туку и верен сопруг, татко, син, брат и пријател. Џони ги играше натпреварите со големо задоволство, што можеа да го почувствуваат сите што го гледаа на мразот. Со себе ја носеше вистинската љубов кон хокејот каде и да играше – соопштија од тимот.