Откриени шокантни детали од трагедијата што се случи во понеделникот во Луна паркот во Пефкохори, Халкидики, кога животот го загуби младо момче (19), пишува телеграф.рс.
Младото момче починало откако паднало од еден од апаратите бидејќи столчето на кое седело му се скршило за време на возењето.
Младото момче со семејството дошло на одмор на Халкидики и сите отишле во забавниот парк да се забавуваат. Во моментот на несреќата тој бил на вртелешка со еден од неговите браќа, додека другиот бил сведок на страшната трагедија.
„Отидовме во забавниот парк и тргнавме да се возиме. Седнавме на седиштата, а потоа сопственикот ни рече да се помериме. Пред да започне возењето, рече дека ќе биде силно. Отпрвин сè почна полека, а потоа се побрзо и побрзо и почуствував како седиштето се лизга, му реков на брат ми. Потоа почувствував како делот зад грб ми се откачи, рекол братот на починатото момче.
Потоа ги опиша драматичните сцени што следеле.
„Во секунда паднав на грб и сфатив дека брат ми не е до мене. Во грч се држев за железната шипка, а брат ми полета од седиштето, не одлета далеку, но ме удри по глава, а јас се држев. Сето тоа се случуваше пред очите на нашиот друг брат и мајка ми Операторот никаде го немаше, други ја сопреа справата. Кога се симнав видов дека брат ми лежи на земја, рекол тој.
Полицијата го привела сопственикот (58), а истрагата е во тек.
Градоначалникот на Пефкохори, Јоргос Циркудис, рече дека не знае кој е одговорен за забавниот парк и додаде дека паркот постои 20 години.
„Не знам кој е на чело на тој парк, никогаш не сум бил“, рече Циркудис.