Пораката која доцна синоќа пристигна од Центарот за управување со кризи е порака која цела Македонија ја чека цело лето!
Пораката гласи:
– Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати. Активни се неколку помали пожари со кои ќе се справиме во текот на утрешниот ден, велат од ЦУК.
Македонија годинава се соочуваше со огримен број пожари,кои ја пеплосаа државата. Во еден момент имаше дури 66 големи пожари, а за помош при гаснење се приклучија и повеќе држави.
Сега на потег е МВР, да ги пронајде и казни пироманите!