Тага и неверување на Халкидики, во Јерисос откако осумгодишно дете паднало и починало пред очите на родителите.
Трагедијата која се случи синоќа до срж ги потресе мештаните и туристите,пишува телеграф.рс
Иако брзата помош пристигнала брзо и се обидела да го реанимра, несреќното дете немало начин да се спаси. Мештаните велат дека неговите родители имаат куќа во Јерисос и дека секогаш доаѓале преку лето.
„Во шок сме. Нашиот мал пријател го нема. Причината за смртта ќе се утврди при обдукцијата… Ненадејно не напушти и веста за неговата смрт се прошири како гром“, изјави градоначалникот Аристотелис Валијанос.
Тој вели дека сите останати се шокирале кога виделе дека не можат да го оживеат детето.
„Сите во шок гледаа како животот на едно мало дете завршува така ненадејно. Брзата помош пристигнала брзо и детето веднаш било префрлено во болница, но за жал, не можеле да направат ништо“, изјавил градоначалникот.
Наводно, детето имало тонзилитис и има индиции дека поради тоа боледувало од акутен перикардитис.