Серија од најмалку седум земјотреси синоќа ја погодија Хрватска. Според податоците на Сеизмолошкиот завод на Србија, првиот се случил во 22 часот и 39 минути, со јачина од 2,9 степени. Следниот се случил непосредно пред зори, околу 5:14 часот, со нешто послаба магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала. По него следеле серија земјотреси, со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала во 5:21 часот, потоа посилни од 4,2 степени според Рихтеровата скала веќе во 5:33 часот.
По шест часот, регистрирани се уште најмалку три земјотреси со јачина од 2,5 степени, 2,4 степени и 2,3 степени според Рихтеровата скала.
Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди и Приштина.
Како што е објавено на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот се случил во 7 часот и 30 минути. Бил на длабочина од 8 километри, а епицентарот бил во селото Брезница.
Земјотресите се почувтсвувале во околните држави.