По минатонеделното примопредавање на директорската функција во Клиничката болница – Штип, денеска дојде до промена и на директорското место во Здравствениот дом. Таму нов директор е Горан Андонов, специјалист по медицина на трудот.
Со тоа, делумно се комплетираат директрските промени од новата власт во поголемите државни институции. Остануваат уште неколку државни институции во Штип, како регионалните дирекции на УЈП, Царинската управа, двете државни средни училишта и други.