Полициски службеници од ОСОСК при македонското Министерство за внатрешни работи и косовската полиција, како дел од Заедничкиот истражен тим помеѓу Основното јавно обвинителство Скопје и Специјалното јавно обвинителство на Република Косово, вчера (4.8.) на косовска територија го приведоа лицето Ш.Д. (34) од Ресен, вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, а поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“, информира МВР.
„Исто така беа извршени претреси на три локации, при што се пронајдени и одземени: две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети. Одземенети предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење“, извести МВР.