Директорката на српскиот Институт „Милан Јовановиќ Батут“ проф. Д-р Верица Јовановиќ за РТС изјави дека податоците од регионот и од територијата на европските земји покажуваат дека има скок на бројот на заразени од новиот тип на коронавирусот, особено во летните одморалишта во Грција и Италија.
Таа смета дека во овој момент нема потреба од дополнителни мерки, но советува на индивидуални мерки за заштита.
„Посебно апелирам до сите луѓе кои боледуваат од одредени хронични заболувања да внимаваат доколку некој има настинка или т.н. врста на летен грип“, советува д-р Јовановиќ.
Омикронската подваријанта која моментално е во оптек, флирт, се пренесува многу брзо и го заобиколува стекнатиот имунитет, без разлика дали некој имал ковид – 19 или бил вакциниран.
Симптомите наликуваат на оние на грипот и се појавуваат пет до шест дена по контакт со заразено лице, вели д-р Јовановиќ.
„Ако некој чувствува дека има болки во зглобовите, дека има малку покачена температура, можеби го боли грло, сепак треба да остане дома, да почека неколку дена, и тоа е процесот на лекување. Се разбира, ако дојде до компликации, бидејќи некој е во посериозна состојба поради хронични заболувања, треба да се посети лекар и според укажувањата на лекарот се прави тестирање“, вели докторката Јовановиќ.