Триесет и три години од загинувањето на Петре Тодоровски од Кавадарци во воениот конфликт во Словенија, се одбележуваат денеска во неговиот роден град.
– Петре Тодоровски служеше воен рок во армијата на поранешна Југославија (ЈНА), во касарната Љубљана Поле, во Љубљана. Загина на 20 години, само дваесет дена пред завршувањето на воениот рок, потсетија од Музеј галеријата.
Петре Тодоровски бил роден во Кавадарци, на 1 јуни 1971 година, од мајка Марика Тодоровска (родена Чемерска) и татко Павле Тодоровски. Основно и средно училиште завршил во Кавадарци. Непосредно пред заминување на отслужување на воениот рок, се запишал на Земјоделски факултет при Универзитетот во Скопје.