СВР Штип поднесе кривична пријава против З.В.(43) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 10/11.07.2024 пријавениот неовластено набавил и употребил податоците од банкарска картичка на лице од Штип, по што извршил 12 успешни трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист со вкупен износ од 11.632 денари.