„Кралот Чарлс може да има ужасен карактер… Тој не трпи будали, глупави луѓе. Да бидеме фер, секој што работел со него ќе ви каже, тој секогаш е многу добро подготвен, добро упатен во прашањата кои се однесуваат на луѓето со кои се среќава, кралот се однесува со високообразованите луѓе совесно и со почит“, изјави поранешен вработен во кралското семејство за британски Експрес.
Кралот Чарлс може да се налути на своите вработени кога верува дека некој не си ја врши работата како што треба или едноставно „е идиот“, вели соговорникот за британскиот медиум.
„На крајот на краиштата, луѓето сакаат да работат за него, но сите се под голем притисок бидејќи неговата канцеларија е секогаш зафатена од посети на луѓе. Тој воопшто не е чудовиште во канцеларијата, но тој е само човек и понекогаш знае да „пукне“… “, вели добро упатен извор.
Пријател на кралот и кралицата Камила, кој сакаше да остане анонимен, исто така изјави за британски Експрес дека кралот Чарлс, е личност која е под постојан стрес, но откако почна да живее со Камила, тој стана многу подобар , без разлика на неговата позиција или статус“.