Се запали сува трева околу старите бараки на поранешното градежно претпријатие „Бетон“ – Штип, а од нив огнот се прошири во дворот на фабриката за мебел и во правец кон првите куќи на населбата Пребег.
Жителите на оваа населба со лопати, но и со градежна механизација спречија огнот да дојде на неколку метри. Пожарникарите веднаш излезгле на терен, а месното население им помагаше при гаснењето на пожарот.
Мештаните кои беа во паника велат дека пожарот во правец од старите бараки кон нивните куќи го забележале во 16.15 часот.
Тие реагираат дека секоја година овие бараки и околу нив се пали и ги доведува во опасност и куќите, но и објектите околу нив, во непосредна близина е и приватна болница, зградата на Факултети на УГД-Штип.
Пожарот е ставен под контрола.