Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради пожар кој избувнал на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица.
Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин – велат од МВР.
Министерството апелира до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.