Легендарниот англиски голгетер Гери Линекер предложи германскиот стратег Јирген Клоп да биде назначен за нов фудбалски селектор на Англија.
„Изгледа дека Клоп е без работа. Сакаше малку да се одмори. Тој не е навистина Германец, нели? Тој е половина Германец затоа што долго време помина во Англија. Има вистинска енергија во неговиот фудбал“, изјави Линекер за лондонски „Телеграф“.
Предлогот на Линекер веднаш го коментираше поранешниот напаѓач на Њукасл и на Англија, Алан Ширер.
„Дали мислите дека Англија навистина ќе назначи германски селектор? Ги поддржувам англиските тренери. Еди Хау би бил одлична опција“, рече Ширер.
Англиската репрезентација, предводена од селекторот Герет Саутгејт загуби вчера со 2-1 од Шпанија во финалето на Евро 2024.
Ова е втор последователен пораз за Англија во меч за титулата на Европското првенство, откако во 2021 составот на Саутгејт загуби од Италија на Вембли во Лондон.