Репрезентацијата на Шпанија вечерва во Берлин ја совлада Англија и стана победник на Европското фудбалско првенство 2024.
Нико Вилијамс во 47. и Микел Ојарзабал во 86. минута погодија за Шпанците. Англичаните постигнаа гол преку Кол Палмер во 73. минута.
Шпанија по четврти пат стана европски првак, што е рекорд меѓу сите европски селекции. Претходно, Шпанците победија во 1964, 2008 и 2012 година.
Англија вторпат по ред го загуби финалето на Европско првенство
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...