Викендов во Штип се случила голема тепачка меѓу две семејства, полицијата информира дека биле приведени 11 штипјани.
Приведените нападнале седум членови од друго семејство. Во полицискиот извештај за медиумите нема информација за причините што ја предизвикале оваа масовна тепачка, а не се знае ни дали има повредени.
Еве што вели полицискиот билтен:
„На 13.07.2024 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода З.М.(27), М.С.(29),М.К.(27), А.К.(24), М.К.(50), М.К.(30), Ш.К.(52), Е.Д.(43), Џ.Д.(23), А.Д.(25) и Џ.Ј.(28) сите од Штип, по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со членови од друго семејство, Ј.М.(43), Е.М., М.М., З.М.(19), Г.М., Р.М. и Г.М., а биле употребени и разни тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.