Со интонирање на македонската државна химна вечерва во Античкиот театар е отворено 64 издание на традиционалната манифестација „Охридско лето“.
Дел од светската уметничка елита, од областа на класичната музика, театарот повторно ќе биде во Охрид до 20 август.
На отворените сцени на Антички театар, Долни Сарај, Предворјето на црквата „Св Софија“, како и самата црква „Св Софија“ и Центарот за култура ќе продефилираат и настапат над 500 уметници од 24 земји, а вљубениците во класичната уметност ќе имаат прилика да уживаат во 27 концерти, шест театарски претстави и три настани во дополнителната програма.
Честа и привилегијата Фестивалот да го отвори годинава му е доделена на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин, кој на сцената на Античкиот театар ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.