Бебе кое било оставено во автомобил, почина вчера во Ротердам. Полицијата соопшти дека во врска со овој случај веќе е приведен еден маж.
Автомобилот Audi Q2 во кој било оставено бебето, наводно бил со белгиски регистерски таблички. Пожарникарите, полицијата и лекарите пристигнале на лице место околу 17 часот, по што го скршиле задното стакло на страната на совозачкото седиште, за да може да го извлечат детето.
На помош пристигнал и медицински хеликоптер. Меѓутоа, обидите за реанимација на детето биле неуспешни.
„За жал, детето почина. Ги истражуваме сите околности“, соопшти полицијата.
Полицијата не открива како осомничениот е поврзан со возилото и детето, но тој е однесен во полициска станица каде што веќе е сослушан.
Во моментот кога детето било пронајдено во автомобилот температурата на воздухот била околу 20 степени. Во слични услови, температурата во затворено возило може да дојде до 30 степени во рок од десетина минути, 40 степени во рок од 35 минути, а по 90 минути може да стигне дури до педесетина степени. Ризикот од топлотен удар почнува кога телесната температура ќе порасне над 39 степени. Ситуацијата станува потенцијално смртоносна кога температурата ќе достигне 42 степени.
Извор: www.kurir.rs