Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска испрати писмо до демократите во Конгресот, во кое вели дека ќе продолжи со кандидатурата за реизбор, и покрај зголемената загриженост за неговото здравје и одржливоста на кампањата.
„Сакам да знаете дека и покрај сите шпекулации во печатот и на други места, цврсто сум определен да останам во оваа трка, да ја поминам оваа трка до крај и да го поразам Доналд Трамп“, напиша Бајден во писмото во кое имаше увид Си-Ен-Ен.
Бајден се обиде во силно срочено писмо да ја смири се поголемата загриженост за неговата кандидатура.
„Прашањето како да тргнеме напред се поставува веќе повеќе од една недела. И време е да се заврши. Имаме една работа. А тоа е да се победи Доналд Трамп. Имаме 42 дена до Демократската конвенција и 119 дена до изборите. Секое слабеење на одлучноста или недостигот на јасност околу задачата која е пред нас само му помага на Трамп и ни штети нас. Време е да се здружиме, да тргнеме напред како обединета партија и да го поразиме Доналд Трамп“, нагласи Бајден.