СВР Охрид информира за сообраќајка во Охрид, во која возаќ со ауди прво удрил во моторциклист, а потоа, заедно со совозаот го истепале.
-На 07.07.2024 година во 15.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Д.М. од селото Лешани, општина Дебрца, кој на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, го управувал своето моторно возило „ауди”, удрил во мотоцикл што го управувал Љ.Ѓ.(47) од Охрид. Веднаш потоа, Д.М., заедно со Д.Ј. од охридското село Косел и В.М. од селото Лешани, физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.