На првата седница на Владата попладнево се именува повеќе директори, додека Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата, Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи, Елена Петрова е новиот директор на Управата за јавни приходи, а Бобан Николовски е именуван за директор на Царинската управа.
За државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски. Тој е доскорешен директор на Јавно претпријатие во Општина Куманово. Александар Јанев е назначен за директор на Бирото за јавна безбедност, За шеф на Канцеларијата на Претседателот на Владата е назначен Владимир Нелоски, а негов заменик Саше Павлоски.
Одлучено е универзитетот на семејството Мерко – Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада.
Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, пришто беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март.