Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека попладне, на Единствен повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, oд Итна медицинска помош од Охрид било пријавено дека во близина на хотел „Десарет“ во Охрид, лице (странски државјанин) паднало во непристапен терен и од паѓањето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итнатата медицинска помош.
-Заради непристапнапноста на теренот медицнската екипа не можела да интервенира, па од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба Патагонија од Охрид. Екипата од ТППЕ Охрид со едно возило и тројца пожарникари интервенирале, при што лицето било извлечено, потоа префрлено во полициски глисер и преку езеро било пренесено до возилото на Итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на понатамошен третман, информираат од ЦУК.