Утре во Германија стапува на сила Законот за модернизација на законот за државјанство, кој носи повеќе поволности на кои се надеваа и граѓаните на Западен Балкан. Меѓутоа, со законот, граѓаните кои сакаат да стекнат право на државјанство ќе мора да се изјаснат за правото на постоење на Израел.
Сојузното Министерство за внатрешни работи на тој начин ја спроведе централната реформа на актуелната федерална влада, пренесува ТРТ.
Овој закон нуди поволности кои се воведени за луѓето кои работат во Германија, како што се двојно државјанство и скратен престој потребен за добивање државјанство.
Помеѓу другото, се бара и ставката што предизвика негодување во јавноста.
„Како одговор на растечкиот антисемитизам во Германија , списокот на прашања од тестот исто така е проширен. Додадени се нови тест прашања кои се однесуваат на антисемитизмот , правото на постоење на државата Израел и еврејскиот живот во Германија “, изјави во вторник министерката за внатрешни работи на Германија, Ненси Фезер.
Тестот нема да бара од идните граѓани да го потврдат правото на постоење на палестинската држава бидејќи, потсетуваме, Германија не ја призна ни државноста на Палестина.
ТРТ