Пред натпреварот меѓу Данска и Србија се случи вистински хаос во Минхен каде што се судрија српските навивачи со полицијата, јави Б92.
Српските медиуми пренесуваат дека прво бил уапсен еден навивач по што реагирале останатите и го ослободиле, а потоа следувал вистински хаос.
Полицијата во конфликтот со навивачите употреби и солзавец,а неколкумина беа уапсени.
На видеото се гледаат и некои навивачи како фрлаат шишиња кон полицајците, а во еден момент кон нив биле фрлени и столчиња.